Раде Стојановиќ промовиран во нов тренер на Тримо Требње

Македонскиот тренер Раде Стојановиќ, го напушти Тиквеш и од следната сезона ќе биде нов тренер на Тримо Требње од Словенија.

Македонецот Раде Стојановиќ клупата ја презема од тренерот Урош Зорман, кој го напушти тимот.

„Ветувам дека ќе бидеме борбен тим. Целите остануваат исти како и претходните години. За мене приказната се повторува во Требње, пред години Стане Север ме донесе во клубот како играч, а сега како тренер неговиот син Миха“, – изјави тренерот Раде Стојановиќ.

(фото – Рк Тримо Требње)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.