Екипата на Пелистер го освои турнирот во Гостивар, откако славеше против Јехона со 27-26, додека третото место го освои Феризај, кој триумфираше против Деспина со 22-21.
По завршувањето на турнирот беа доделени награди и индивидуални признанија за најдобрите на турнирот.
МВП на турнирот беше Анастасија Тодоровска од Пелистер, додека најдобар стрелец на турнирот беше Мила Николовска од Јехона, а најдобар голман беше Деспина Пајкаровска од екипата на Деспина.

(фото – ЖРК Јехона)📷