Дел од ракометниот крем од регионот ќе учествува на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи во организација на ГРК Охрид и Општина Охрид од 20 до 24 август 2024 година.
Покрај домаќинот на турнирот од Македонија ќе учествуваат уште и Вардар 1961 и Алкалоид, како и Партизан и Динамо Панчево од Србија, Ловќен – Црна Гора, Целје – Словенија и Олимпијакос – Грција.

(фото – ГРК Охрид)📷