Македонија и следната сезона ќе има претставник во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Тимот од Битола, Еурофарм Пелистер доби вајлд карта за Лигата на шампионите, откако Комисијата на ЕХФ, а потвредно беше и од Извршниот комитет на ЕХФ.
Покрај Еурофарм Пелистер, вајлд карти добија и екипите на Киелце, ПИК Сегед, Динамо Букурешт, ППД Загреб, Нант и Фредериција.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷