Охрид ја доби Потаиса Турда од Романија во втората рунда од Европскиот Куп

Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беа извлечени двојките за Европскиот Куп.

Тимот на Охрид за противник ја доби екипата на Потаиса Турда од Романија. „Гладијаторите“ првиот натпревар го играат на домашен терен на 19/20 октомври, а реваншот е во Романија една недела подоцна на 26/27 октомври.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.