Познат е распоредот на групите и натпреварите на третиот меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се игра во Охрид од 20 до 24 август 2024 година.
Во групата А се екипите на Алкалоид, Динамо Панчево, Ловќен и Олимпијакос, додека групата Б ја сочинуваат Охрид, Вардар 1961, Партизан и Целје.
Турнирот почнува на 20 август со 3 натпревари:
16:30 часот Алкалоид – Динамо Панчево
18:45 часот Ловќен – Олимпијакос
21:00 часот Вардар 1961 – Охрид

(фото – ГРК Охрид)📷