Борко Ристовски ги прими младинците на Македонија

Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на овогодинешното Европско првенство 2024 година го заврши со пласман на 9 место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.

(фото – Ракометна Федерација на Македонија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.