Во остварување на целите потребен е силен управувачки тим, стручен штаб и врвни ракометари. Затоа секојдневно напорно се работи за да се екипира, како би билте остварени зацртаните цели. Во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер се приклучи ново име.
26-годишниот Алексо Лембанов е нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб. Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Тинекс Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал Сафа во Саудиска Арабија.
Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на Еурофарм Пелистер на Златибор.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷