Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада Вардар 1961 со 29-26, и го освои турнирот во Струга.
По завршувањето на финалето беа доделени награди и индивидуални признанија за најдобрите ракометари.
Филип Ивиќ беше најдобар голман, Богдан Радивојевиќ беше најдобар стрелец, додека Филип Кузмановски беше МВП на турнирот во Струга, сите ракометари се од Еурофарм Пелистер.

(фото – Кочо Сотировски)📷