Вардар 1961 ги пушти во продажба сезонските билети

За новата натпреварувачка сезона Вардар 1961 ги пушти во продажба сезонски билети со кои ќе може да се гледаат сите натпревари на домашен терен. Ќе можете самите да го изберете местото во салата во СЦ „Јане Сандански“, каде Вардар 1961 ќе ги игра сезонава своите натпревари.

Сите кои лани имаат купено сезонски билет имаат предност за резервирање на истите места. Потоа следува регуларната продажба на сезонските влезници.

Продажбата ќе се врши преку продажната мрежа на МКТикетс (онлајн и на нивните продажни места).

Сезонскиот билет ќе важи за:
– сите натпревари од грпната фаза на Лига Европа
– сите натпревари од главна фаза на Лига Европа
– сите натпревари од првенството на Македонија
– сите натпревари од Куп на Македонија (каде домаќин е Вардар 1961)

Цената на сезонскиот билет е 3.600 денари
Сектор: А2, А3, А5 и А6 – 4.200 денари

Приоритетната продажба на билети ќе биде заклучно со 1 септември. Сите што лани имаат купено сезонски билети можат да ги задржат истите места. Потребно е на клупскиот e-mail contact@rkvardar1961.com да го приложат ланскиот билет и да ја направат резервацијата.

Од 2 септември ќе почне регуларната продажба на сезонските билети. Наскоро ќе бидат објавени детали како и каде ќе може да се изврши купувањето на истите билети. Продажбата ќе трае до 20 септмеври.

Пред секој натпревар ќе се продаваат поединечни билети за настапите во Лига Европа, и во домашното првенство, а за цените дополнително ќе има известување.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *