Во сабота, 7 септември стартува новото првенство во ракометната Супер лига. Во првото коло Охрид му гостува на повратникот во елитата Радовиш.
Гладијаторите се подготвени за првиот предизвик во кој ќе атакуваат на победа. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски.
“Радовиш од оваа сезона повторно се враќа во Супер лига, секогаш биле незгоден противник кога играат на домашен терен, но ние имавме доволно време за да се припремиме и сме спремни за новата сезона. Одигравме неколку натпревари и одиме подготвени да ја отвориме оваа сезона со победа”, – изјави ракометарот на Охрид, Дејан Кукуловски.
(фото – ГРК Охрид)📷