Еурофарм Пелистер зеде учество во работилницата на Европската ракометна унија пред почетокот на Лигата на шампионите

Пред новата сезона на ЕХФ Лигата на шампионите, сите екипи учесници во машка и женска конкуренција беа дел од работилницата на Европската ракометна унија во седиштето во Виена.

Еурофарм Пелистер, како единствен македонски претставник, беше претставуван од директорот Горан Петровски.

На дводневниот работен состанок беа претставени новините во организацијата на натпреварувањето за сезоната 2024/25.

Еурофарм Пелистер минатата сезона ги положи сите организациони тестови во своето прво учество во новиот формат на Лигата на шампионите.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *