Екипата на Бисинов Фруит Ленд ја совлада екипата на Струга со минимални 31-30 во 1. коло од Супер лигата.
Иако на полувреме Струга имаше предност од 16-14, сепак на крајот од натпреварот тимот на Бисинов Фруит Ленд се радуваше на трите бодови.
Најефикасен кај екипата на Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со десет погодоци, додека кај Струга најефикасен беше Тодор Јанкуловски со осум гола.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷