Екипата на Алкалоид забележа победа против екипата на Вардар 1961 со конечен резултат од 33-30, во 1. коло од Супер лигата.
Тимот на Алкалоид во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај заслужено триумфираше против Вардар 1961.
Најефикасни кај екипата на Алкалоид беа Марко Митев и Мартин Серафимов со по осум гола, додека кај Вардар 1961 најефикасен беше Милан Лазаревски со шест гола.

(фото – Рк Алкалоид)📷