По повод, почетокот на новата сезона, се одигра ревијален тренинг натпревар на најмладите членови во младинската Академија на ЖРК Вардар.
Пред натпреварот, свој говор пред присутните имаше претседателот на клубот, Гордана Нацева, потоа Даниела Вељаноска и Александра Кузмановска, кои ќе работат со младите надежи.
Се формираше пионерска екипа која сега напредува во кадетки, па се има нови генераци во школата, родени 2010/11/12/13 и голем број на нови девојчиња кои се генерација 2014 и помлади.
“Она што сакаме да го споменеме, е тоа што сите девојчиња што минатата сезона започнаа, и годинава се тука, а има зголемен интерес за упис на нови членови. Како клуб, можеме да ветиме, дека и понатаму ќе работиме напорно и ќе се трудиме од секој играч да го вадиме најдоброто. Најважно е да стекнуваат спортски навики и да се развиваат во здрави личности”, – изјавија од ЖРК Вардар.
(фото – ЖРК Вардар)📷












