Тинекс Пролет играше нерешено и во вториот овосезонски натпревар од Супер лигата, откако избраниците на Александар Јовиќ по огромна борба ремизираа со Тиквеш со резултат 23-23.
Тимот на Тинекс Пролет на полувреме имаше предност од 15-12. Во второто полувреме Тинекс Пролет имаше водство, но на крај двете екипи одиграа нерешено.
Најефикасен кај Тинекс Пролет беше Бахар со седум гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Обина со шест гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷