Екипата на Металург Автокоманда оствари висока победа против Гевгелија со резултат 52-10 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда од почетокот на натпреварот имаше високо водство, па немаше проблеми околу победата против Гевгелија.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Гугуљанова со десет гола, додека кај Гевгелија најефикасна беше Симона Динева со шест гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷