Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај екипата на Динамо Букурешт со резултат 34-25 во натпревар од Лигата на шампионите.
Тимот на Динамо Букурешт на полувреме имаше предност од 19-13. Во второто полувреме Динамо Букурешт продолжи со водството, па на крај да слави против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со девет гола, додека кај Динамо Букурешт најефикасен беше Миклош Роста со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷