Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер со конечен резултат 27-24 во дерби натпревар од 4. коло од Супер лигата.
Составот на Вардар од почетокот на натпреварот беше во водство, на полувреме имаше предност од 15-11.
Во второто полувреме тимот на Еурофарм Пелистер се обидуваше да се врати, но сепак загуби од тимот на Вардар.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Марко Срдановиќ со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Филип Кузмановски исто така со осум гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷