Екипата на Прилеп забележа победа на домашен терен против тимот на Радовиш со конечни 35-24 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Прилеп и на полувреме имаше предност од 19-12. Во второто полувреме Прилеп продолжи со водството, па на крај да триумфира против Радовиш.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Божидар Илиески со осум гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Иванче Ончев со седум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷