Ракометарите на Скопје 2020 забележаа победа на гостувањето кај екипата на Преспа Вардар со резултат 39-27 во Првата лига.
Екипата на Скопје 2020 во текот на целиот натпревар беше во водство, па така на крајот стигна до триумф против Преспа Вардар.
Најефикасен во тимот на Скопје 2020 беше Бојан Чакалиќ со шест гола, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Димитар Нечовски со седум гола.
(фото – Рк Скопје 2020)📷