Стартува онлајн продажбата на билетите за натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда, кој ќе се игра на 19.10.2024 година (сабота) од 19:00 часот во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Цената на картите изнесува 250 денари на сите блокови, а сите седишта се нумерирани. Продажбата онлајн на МкТикетс.мк ќе оди онлајн заклучно со 17.10.2024 (четврток), а останатите непродадени карти ќе се продаваат на билетара на 18 и 19 октомври до самиот почеток на натпреварот.

(фото – ГРК Охрид)📷