Владо Недановски: Фаворитската улога ја преземаме ние против Валур

Вардар денекса ја почнува новата европска авантура со настап во Лигата на Европа, каде „црвено-црните“ ќе играат во групите. 

Натпреварот меѓу Вардар и Валур се игра денеска со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. 

„Драго ми е што по две сезони се враќаме на европска сцена. Противникот е малку познат за јавноста, но се работи за млада и добра екипа, што преферира брз и модерен ракомет. Имаат и двајца искусни играчи, со повеќе од 40 години. Валур минатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп. Фаворитската улога ја преземаме ние, бидејќи играме во нашата сала, се работи за Вардар и мислам дека ќе ја оправдаме”, – вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *