Екипата на Металург Автокоманда забележа висока победа против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 38-13 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше висока предност од 20-7.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Стефани Ристиќ со седум гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Ангеловска со пет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷