Младинската екипа на Бутел Скопје го освои турнирот “11 Октомври”, кој се одржуваше во Куманово.
Тимот на Бутел Скопје во финалето забележа победа против екипата на Куманово со конечен резултат од 35-23.
Во натпреварот за трето место, односно за бронзата тимот на Тиквеш славеше против Врање.

(фото – МРК Куманово)📷