Екипата на Јехона забележа победа на гостувањето во Струмица, кај екипата на Астраион со конечни 35-32 во 4. коло од Првата лига.
Тимот на Јехона во текот на целиот натпревар го диктираше темпото на резултатот, за на крај да триумфира против Астраион.
Најдобар стрелец кај Јехона беше Мојсие Тасески со 12 гола, додека кај Астраион најдобар стрелец беше Христијан Ефтимов со 9 гола.
(фото – Рк Јехона)📷