Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 2. коло од групната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Карвина и Фленсбург, додека делегат ќе биде Јанка Стасова.
Натпреварот меѓу тимовите на Карвина и Фленсбург ќе се одигра на 15 октомври со почеток од 20:45 часот во Чешка.
(фото – Архива)📷