Рудолф Сафранко: Против тимот на Потаиса Турда да се покажеме во најдобро светло

Пред Охрид е најважниот натпревар сезонава. „Гладијаторите“ во мечот со романската екипа Потаиса Турда од 2. коло на Европскиот куп влегуваат со респект кон противникот, но и со оптимизам дека можат да остварат победа која ќе им овозможи предност пред реваншот.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Рудолф Сафранко, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа.

“Треба да го оставиме поразот од Пелистер позади нас. Не очекува најважниот натпревар во Европа кој е награда за добриот пласман во лигата минатата сезона. Турда е добра екипа, но се надевам дека ќе се покажеме во најдобро светло и на реваншот во Романија ќе отпатуваме со што поголема победа”, – изјави ракометарот на Охрид, Рудолф Сафранко.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *