Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Порто во Лигата на Европа

Екипата на Вардар ги пушти во продажба поединечните билети за третиот натпревар од групната фаза на Лига Европа, против Порто од Португалија.

Мечот е закажан за во вторник, 22 октомври 2024 година во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, во Скопје.

Продажбата ќе се одвива онлајн – https://mktickets.mk/event/vardar-1961-porto и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС.

Цената на поединечните билети по блокови изнесува 300 и 400 денари. За влез во сала ќе ви треба да имате купено билет, или испечатен ваучер што ќе го купите онлајн (може и во ПДФ формат на вашиот телефон).

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *