Екипата на Скопје 2020 забележа победа на гостувањето кај екипата на Партизан Гевгелија со 32-27 во Првата лига.
Составот на Скопје 2020 и на полувреме имаше водство од 15-9. Во второто полувреме Скопје 2020 продолжи исто како во првото полувреме, па на крај да слави против Партизан Гевгелија.
Најефикасни во редовите на Скопје 2020 беа Александар Грујевски и Андреј Тркалевски со по седум гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со десет гола.
(фото – Рк Скопје 2020)📷