Екипата на Овче Поле забележа победа на гостувањето кај екипата на Астраион со конечен резултат од 31-27 во 8. коло од Првата лига.
Тимот на Овче Поле од почетокот на натпреварот диктираше темпо на резултатот, за на крај да слави победа против Астраион.
Најефикасен во тимот на Овче Поле беше Кристијан Стаменков со осум гола, додека кај Астраион најефикасен беше Христијан Ефтимов со девет гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷