Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на Фруитленд Борец од 11. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Тиквеш, Матеј Петрески изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Фруитленд Борец.
“Не очекува натпревар во Велес со екипата на Бисинов која има неколку искусни играчи, и знаеме дека нема да биде лесно како и на секое гостување во лигата годинава. Во сабота одиме спремни да одиграме добар натпревар и верувам дека ќе ги донесиме бодовите во Кавадарци”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Матеј Петрески.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








