Четврти турнир по ред “5-ка за ракомет”

На 22 ноември во петок во СЦ “Билјанини Извори”, ќе се одржи четвртиот по ред турнир “5-ка за ракомет”, организиран од Ракометната Школа Седмерец од Охрид.

Оваа година турнирот ќе се игра во мини ракомет. Учество ќе земат десет екипи, од сите основни училишта од општина Охрид.

За секој учесник е обезбедена маичка со логото на турнирот, медал за учество, пехари за најдобрите.

Турнирот е во организација на Ракометна школа Седмерец од Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.

(фото – Ракометна Школа Седмерец Охрид)📷









Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *