Екипата на Драчево забележа висока победа против составот на Преспа Вардар со резултат 43-28 во натпревар од Првата лига.
Составот на Драчево од почетокот на натпреварот направи висока предност, за на крај да слави со висока разлика против Преспа Вардар.
Најефикасни во тимот на Драчево беа Лазар Стојанов и Димитар Петковски со по осум голови, додека кај Преспа Вардар најефикасни беа Александар Димитриевски и Иван Костовски со по пет голови.
(фото – Рк Драчево)📷