Екипата на Вардар го совлада тимот на Мелсунген со конечен резултат од 32-30 во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа.
На полувреме беше нерешено со резултат 17-17. Во второто полувреме Вардар продолжи со добрата игра, па на крај да го совлада Мелсунген.
Најефикасни во составот на Вардар беа Ларс Коиј со осум гола и Младен Крсманчиќ со шест гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷