Дејан Манасков: Против Веспрем за мене е специјален натпревар

Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар на гостински терен против екипата на Веспрем во Лигата на шампионите.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Веспрем.

“За мене ова е прво враќање по заминувањето од Веспрем и специјален натпревар за мене. Ќе биде тешко, но ќе се бориме и ќе се обидеме да им отежнеме и ако се укаже прилика и да извлечеме позитивен резултат. Деновиве се спремаме специјално за Веспрем и верувам во добар натпревар. Шансите за осминафинале се тука, ќе се бориме за бодови на секој натпревар и добро е што сите опции зависат од нас. За мечот со Висла ќе бидеме уште поспремни и работите кои ги бара новиот тренер ќе бидат појасни. Ќе се воиграме и верувам дека ќе ја минеме групата. Веспрем има на секоја позиција ракометари од светска класа, имаат ротација и проектирани се за големи работи. Играњето за Веспрем значи битка за освојување на сите трофеи, па и годинава е така. Играат на домашен терен и тешко е да се игра во таа сала. Публиката е гласна, но спортски е да се надеваме и да се бориме до последниот атом од силите”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Мансков.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *