Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против Астибо со високи 42-21 во 1. коло од плеј-офот од Женската Супер лига.
Составот на Металург Автокоманда победата ја обезбеди уште на полувреме, кога имаше водство од 22-9.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Јанкуловска со девет гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со десет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷