Пионерите на Тинекс Пролет се искачија на третото место на табелата во својата група по триумфот над Куманово, меч што мина во знакот на ракометниот бисер Мартин Стојановски.
Одличниот среден бек одигра меч за паметење, успевајќи да постигне фантастични 15 погодоци, повеќе од половина од головите на Тинекс Пролет на овој натпревар (26-22).
Стојановски беше незапирлив за кумановци, реализирајќи ги трите седмерци за тимот, како и дополнителни 12 погодоци од игра со кои го предводеше тимот на Тинекс Пролет до победа на овој натпревар.
Тинекс Пролет со оваа победа се искачи на третото место во групата, зад Вардар и Алкалоид, а пред екипите на Куманово и на Бутел.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷