Првиот човек на Бутел Скопје, Александар Стефанов, денеска на состанокот на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, официјално ја поднесе својата кандидатура во трката за претседател на македонската куќа на ракометот.
“Иако сум млад по години, сметам дека со искуството и во ракометот стекнато и во РК Бутел и од Управниот Одбор, верувам дека со напорна работа и со соработка со луѓето околу мене ќе дадам придонес за уште поголем напредок во нашиот спорт. Сега сакам акцент да биде на настапот на репрезентација на СП, а потоа ќе откријам повеќе детали за кандидатурата и моите планови”, – изјави Стефанов на денешниот состанок на УО на РФМ.
Изборното собрание на Ракометната федерација на Македонија ќе се одржи на 1 март во 2025 година.
(фото – 24Ракомет)📷