Репрезентативецот на ракометната селекција на Бразил до 21 година Џанкарло Фелипе Хен е нов ракометар на Куманово.
Игра на позиција лев бек и е висок 191 сантиметар. Во целокупната своја кариера има настапувано во шампионатот на Јужна Америка и за него е прв предизвик да игра во Европа.
За младинската репрезентација на Бразил настапи на СП за ракометари во оваа возрасна категорија кое се одржа во Германија.
(фото – МРК Куманово)📷