Македонски Телеком останува партнер на Ракометната Федерација на Македонија, а со тоа поддржувач на македонската ракометна репрезентација на Македонија.
Осумгодишната соработка продолжува и во оваа 2025, година во која Македонија ќе настапи на Светското првенство.
Во присуство на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, главниот извршен директор на Телеком, Никола Љушев, селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров и во придружба на капитенот Филип Кузмановски, беше официјализиран новиот договор.
(фото – РФМ)📷