Ракометниот клуб Вардар е првиот спортски колектив што се приклучува на кампањата „Спортистите на браникот на хуманоста“ и како дел од истата во салата во СЦ „Јане Сандански“ се реализираше крводарителска акција.
Членовите на управата на клубот, стручниот штаб, дел од играчите на Вардар, и дел од навивачите се одзваа на повикот и ја покажаа хуманоста и свеста доброволно да се дарува крв.
Кампањата се одвива во организација на Институтот за трансфузиона медицина, а на истата беше и Борко Ристовски, Министерот за Спорт и Садије Шанини, Заменик Министер за спорт.
(фото – Рк Вардар 1961)📷