Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 10. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Македонската судиска двојка Марија Илиева и Силвана Карбеска ќе го судат натпревар меѓу екипите на Подравка и Глорија Бистрица.
Овој натпревар ќе се одигра на 18 јануари (сабота), со почеток од 18:00 часот во салата “Јосип Самарџија”, во Хрватска.
(фото – Архива)📷