Бутел Скопје го освои турнирот “Горан Ченгиќ” во Босна и Херцеговина

Екипата на Бутел Скопје го освои трофејот на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, откако во драматично финале го совлада составот на Вогошча со 38-37, по ударите од седум метри.

Регуларниот дел заврши нерешено со резултат 30-30. По првите пет пенали беше повторно нерешено, 33-33, па мораше нова тура удари од седум метри.

Таму издоминираа голманите на Бутел Скопје, Бојан Блажески кој одбрани два пенали, како и Александар Стојаноски, кој го запре последниот удар на Фахрудин Мелиќ.

Филип Николов постигна дури 16 гола на овој натпревар, додека по пет пати во листата на стрелците се запишаа Дамјан Субашевски и Димитар Ѓеоргиевски.

Претходно во групната фаза, Бутел Скопје убедливо славеше против Босна Сараево, Рудар Плевља и Марибор.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *