Екипата на Куманово го одигра првиот пријателски натпревар во серијата на средби кои што ќе ги одигра тимот во подготвителниот период во пресрет на пролетниот дел од македонскиот ракометен шампионат.
На домашен терен Куманово го совлада Младост од Богданци со конечен резултат од 28-19.
Тренерот на домашните Љубиша Димковски ја распредели минутажата и им даде шанса на сите ракометари на овој меч.
Најефикасен на средбата беше Лука Матачиќ со 6 гола, додека Давид Димевски и Гиан постигнаа по пет гола.
Христијан Михајловски забележа 9 одбрани додека Григор Трајковски имаше 8 интервенции на овој меч.
(фото – МРК Куманово)📷