Стефан Јовевски и Јован Фичорски нови засилувања на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет продолжува да ги засилува своите редови за вториот дел од сезоната, ангажирајќи двајца нови млади ракометари во својот табор.

Стефан Јовевски е член на клубот откако беше потпишан договор за соработка со овој 19-годишен ракометар. Јовевски настапува на позицијата пивот и досега беше член на тимот на Бутел, од каде му се приклучува на Тинекс Пролет.

Покрај него, договор со клубот потпиша и Јован Фичорски, ракометар кој претходно беше дел на младинската екипа на Тинекс Пролет, имаше и настапи за првиот тим на Пролет. Тој мина неколку месеци во редовите на Скопје, но од вчера повторно е член на тимот.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *