Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за 12. коло од групната фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Македонската судиска двојка Марија Илиева и Силвана Карбеска ќе го судат натпреварот меѓу Мец и Никобинг.
Овој натпревар е закажан на 8 февруари со почеток од 18:00 часот. Делегат на овој натпревар ќе биде Кристина Фернандез од Шпанија.
(фото – Архива)📷