Екипата на Тиквеш забележа победа против екипата на Радовиш со конечен резултат од 32-26 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Тиквеш од почетокот на натпреварот го имаше водството, па на крај забележа сигурна победа против Радовиш.
Најефикасен во составот на Тиквеш беше Даниел Андоновски со седум гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Здравко Постолов и Славе Јанковски исто така со по седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷