Ракометарите на Охрид триумфираа на гостувањето во Велес, кај екипата на Фруитленд Борец со конечни 35-29 во 17. коло од Супер лигата.
Тимот на Охрид и на полувреме имаше водство од 18-14. Во второто полувреме Охрид продолжи со водството, за на крај да слави победа против Фруитленд Борец.
Најефикасен во тимот на Охрид беше Ловро Јотиќ со седум гола, додека кај Фруитленд Борец најефикасни беа Бобан Петров, Марио Миланов и Гуедеш Габрил со по четири гола.
(фото – ГРК Охрид)📷