Екипата на Алкалоид забележа висока и убедлива победа против екипата на Струга со резултат 38-14 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Алкалоид и на полувреме имаше висока предност од 17-5, па така очекувано беше да ја совлада Струга.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Мартин Ивановски со шест гола, додека кај Струга најефикасен беше Филип Пајкоски со пет гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷